• четврток, 26 декември 2024

„Игри без граници“ изложба на Теута Хоџа Имери во Националната галерија „Мала станица“

„Игри без граници“ изложба на Теута Хоџа Имери во Националната галерија „Мала станица“
Скопје, 6 ноември 2021 (МИА) - Самостојна изложба насловена „Игри без граници“ на уметницата Теута Хоџа Имери ќе биде отворена вечер во 19 часот во Националната галерија „Мала станица“ во Скопје. Jелдз Асани, историчар на уметноста за изложбата на Теута, меѓу другото, вели дека нејзините дела се производ на технички и стилски пристап кон обработката на формата со експресивни површини, кои се трансформираа во духовна потрага преку апстракцијата и „игрите без граници“. -Истражувајќи ги „универзалните вистини“ таа и се предаде на линијата која во нејзината вистинска смисла претставува формална интерпретација на магичната димензија. Теута Имери, поставува комбинирани геометриски форми кои се обликувани и контролирани со колористички гестови. Во некои од графиките во нивниот супстрат го чувствуваме движењето на женските портрети. Преку богата низа на бои таа генерира одредени асоцијативни знаци и симболи, како што е кругот што ја симболизира егзистенцијалната ротација на битието, редот на парадигми и космичките движења. Односно душата, раѓањето, смртта, воскресението... Исто така прави и композициска комбинација со претстави на квадрати и правоаголници кои претставуваат ред, рационалност и формалност. Тие сугерираат мир, безбедност и еднаквост. Теута ја вградува и формата на икс која од една страна ја симболизира средбата и пресекот на постоењето со времето, додека од друга страна човечкиот агностицизам за прашања кои се надвор од видливоста, вели Асани. Теута, посочува, секогаш барајќи внатрешна рамнотежа во создавањето на интуитивно ниво и чувствувајќи се целосно слободна во различните технички сфери на графиката, не само што не се фокусира на одредена техника, туку користи неколку графички техники, хармонично комбинирани со избраните мотиви. Во нејзините дела се забележува техниката на сува игла, акватинта, висока преса, сето тоа употребено со техничко мајсторство. -Меѓутоа, во нејзините дела постои внатрешна логика, структура на комуникација и интеракција за уметничката чувствителност во служба на графичката уметност. Таа и верува на инспирацијата и моќта на имагинацијата, но и во примарната улога на идејата, во емоцијата и рационалното, во потсвеста и виртуозната техника на графика. Тука се скриени  предизвиците на оваа уметница кон нови искуства и знаења кои ветуваат многу во иднина, заклучува историчарот на уметност Асани. вг/лв/  

Остани поврзан