• вторник, 24 декември 2024

Земјотреси со јачина од 4,4 степени регистрирани во близина на Атина и на Крит

Земјотреси со јачина од 4,4 степени регистрирани во близина на Атина и на Крит

Атина, 7 октомври 2024 (МИА) – Два земјотреси со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на две различни локации, едниот во близина на Атина, другиот во морскиот дел југоисточно од Крит, беа регистрирани рано утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, земјотресот во близина на Крит беше кусо пред 9 часот по локално време, а вториот, 23 минути подоцна со епицентар четири километри југозападно од градот Тива, во близина на Атина, што беше почувствуван и во грчката метропола.

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета. ср/сд/

Остани поврзан