• среда, 25 декември 2024

Во Израел продолжена вонредната состојба за уште една година

Во Израел продолжена вонредната состојба за уште една година

Тел Авив, 24 декември 2024 (МИА) - Израелскиот Парламент денеска изгласа продолжување на вонредната состојба за уште една година и ќе трае до 25 декември 2025 година.

„За“ продолжување на вонредната состојба гласаа 29 пратеници од вкупно 120, а другите беа отсутни или „воздржани“.

Поради вонредната состојба Владата може да носи вонредни укази.

Вонредна состојба е прогласена по нападот врз Израел од страна на Хамас и другите палестински организации на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Појасот Газа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан