Поранешни израелски агенти тврдат дека Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел
- Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“ (CBS News) објаснија како го измамиле Хезболах да купи илјадници воки-токи и пејџери произведени во Израел
Тел Авив, 24 декември 2024 (МИА) – Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“ (CBS News) објаснија како го измамиле Хезболах да купи илјадници воки-токи и пејџери произведени во Израел.
Според нив, припадниците на Хезболах десет години ги користеле израелски пејџери и воки-токи наполнети со експлозив, пред истите да експлодираат во септември годинава. При експлозија на воки-токи и пејџерите десетици луѓе загинаа, а илјадници беа повредени.
Израел соопшти дека мета на нападот биле само членовите на Хезболах, но помеѓу жртвите имаше и цивили. Обединети нации нападот го оценија како воено злосторство. ми/
фото: Икс