• недела, 24 ноември 2024

За една недела во општина Центар казнети 261 возачи за непрописно паркирани возила

За една недела во општина Центар казнети 261 возачи за непрописно паркирани возила

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - На територија на Општина Центар во текот на минатата недела се казнети 261 возачи за  непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, од 25 септември до 1 октомври 2023 година со помош на специјалното возило „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 144 непрописно паркирани возила.

Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 117 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар. мд/цр

Фото: Општина Центар и ПОЦ 

Остани поврзан