• недела, 10 ноември 2024

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Широк Дол“, инвестирани 12 милиони денари

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Широк Дол“, инвестирани 12 милиони денари

Штип, 30 август 2024 (МИА) - Поставен е вториот асфалтен слој на улицата „Широк дол“ во штипската населба Автокоманда, а со тоа завршува и целосната реконструкцијата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Посочи дека изминатиот период на оваа улица се работеше на промена на подземната инфраструктура, но и партерно уредување на влезовте пред станбените згради. Инвестицијата е 12 милиони денари, од кои околу 6 милиони денари се од буџетот на Општина Штип, а останатите средства се одобрени од Светска Банка, за која општината претходно аплицираше преку Министерството за транспорт и врски.

-Денес се одвиваат активности во последната фаза од целокуната реконструкција на оваа улица се поставува вториот асфалтен слој и со тоа практично се зарврши реконструкцијата на оваа планирана улица во населбата Автокоманда, изјава Јорданов.

Јорданов истакна дека во населбата Автокоманда по уредувањето на улицата „Широк Дол“ ќе останат уште две нереконструирани, тоа се улиците „Цвета Јованова“и  „4- ти Јули“. Во следниот период ќе следи и темелна реконструкција во населбата Леваци по примерот во населбата Автокоманда. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан