• среда, 25 декември 2024

Заврши регуларниот дел од пингпонгарската лига

Заврши регуларниот дел од пингпонгарската лига
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Со одигрување на последните кола од пингпонгарската Супер лига и Прва лига на Република Северна Македонија се комплетираа резултатите од сите изиграни натпревари за сезоната 2021/22.
Како што информираат од Пинг-понг федерацијата на Македонија, плеј-оф за одредување на шампион во Супер лигата ќе играат екипите на ППК Крива Паланка 2007, ППК Младост 96, ППК Шампион Фа и ППК Телеком Нец 2.
Бараж за опстанок во Супер лигата ќе играат ППК Радовиш и ППК Работнички, додека, екипата на ППК Вардар испаѓа од Супер лигата и следната сезона 2022/23 ќе игра во Прва лига.
Во Прва лига екипите на ППК Зегин Берово и ППК Крива Паланка се пласираат директно во Супер лигата во сезоната 2022/23, а екипите на ППК Телеком Нец и ППК Кочани ќе играат бараж натпревар со екипа од Супер лига за влез во Супер лигата за сезона 2022/23.
Екипите на ППК Дебар Маало и ППК Кратово ќе играат бараж натпревари со екипа од Втора лига за место во Првата лига за претстојната сезона.
Плејофот ќе започне на 21 мај со првиот полуфинален натпревар. Бараж натпреварите за влез во Супер лига ќе се играат на 22 мај, а бараж натпреварите за влез во Прва лига ќе се играат на 4 јуни. ар/дма/

Остани поврзан