• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Два премиерлигашки клуба заинтересирани за голманот Мењан

Два премиерлигашки клуба заинтересирани за голманот Мењан

Лондон, 30 март 2025 (МИА) – Премиерлигашки екипи покажуваат интерес за голманот на Милан, Мајк Мењан, објави порталот „Todofichajes“.

Според изворот, Челзи и Астон вила сакаат да го донесат во своите редови 29-годишниот голман.

Мењан игра за Милан од 2021 година. Сезонава голманот одигра 41 натпревар на сите турнири, прими 47 гола и 11 пати ја зачува мрежата чиста.

Неговиот договор со италијанскиот тим е до летото 2026. 

По 29 кола во Премиер лигата, Челзи е на четвртото место во поредокот со 49 бодови, додека Астон вила е на деветтото место со 45 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан