• сабота, 06 декември 2025

Меси му го посвети својот гол против Филаделфија Унион на Ѓоковиќ имитирајќи тениски сервис

Меси му го посвети својот гол против Филаделфија Унион на Ѓоковиќ имитирајќи тениски сервис

Мајами, 30 март 2025 (МИА) - Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, го посвети својот гол во МЛС мечот против Филаделфија Унион, на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Меси влезе на теренот во 55. минута и постигна гол две минути подоцна.

Аргентинецот на 28 март беше присутен на полуфиналниот натпревар меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров (6:2, 6:3) на АТП турнирот во Мајами.

Подоцна Ѓоковиќ му се заблагодари на Меси за неговото и присуството на неговото семејство. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан