Жителите на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ утре со намален притисок во водоснабдување
- Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ бр. 72 во населбата Карпош утре од 7 часот со намален притисок во водоснабдување ќе останат корисниците на потегот од булеварот „8 - ми Септември“ до улицата „Рузвелтова“ и на потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до улицата „Васил Ѓоргов“.
Скопје, 21 јули 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ бр. 72 во населбата Карпош утре од 7 часот со намален притисок во водоснабдување ќе останат корисниците на потегот од булеварот „8 - ми Септември“ до улицата „Рузвелтова“ и на потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до улицата „Васил Ѓоргов“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“. бак/
Фото: МИА архива