• недела, 28 јули 2024

Жените од СДСМ со марш низ штипските улици ја поддржаа борбата против ракот на дојка

Жените од СДСМ со марш низ штипските улици ја поддржаа борбата против ракот на дојка
Штип, 28 октомври 2022 (МИА) - Форумот на жени на СДСМ во Штип со марш ја пренесе пораката за борба против ракот на дојката. Во рамки на месецот на свесност, здравствената кампања се состоеше од повеќе активности во розова боја во знак на поддршка и подигнување на свесноста. - Форумот на жени на СДСМ Штип овој месец регистрира повеќе настани коишто се поврзани со борбата против ракот на дојката. Имавме розова аукција, од која средствата ги дониравме на жени од нашата локална заедница кои се борат со оваа подмолна болест. Минатата недела организиравме трибина за превенција од ракот на дојката, а денес организиравме марш во централното градско подрачје каде наш гостин е вицепремиерката Славица Грковска, истакна Ленче Рунтева, претседателка на Форумот на жени на СДСМ – Штип. Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска посочи дека со ваквите активности се поттикнува свесноста за борба против болеста и нејзино рано откривање, па поради тоа ќе следи интензивирање на активностите. -Денеска сме тука во Штип, со маршот да ја пренесеме пораката дека ова е сериозна болест, дека сите треба да се грижиме за нашето здравје, заради тоа што статистиките покажуваат дека оваа болест е петта по смртност. Ние усвоивме неколку мерки на седница на Владата, имавме посебна тематска седница за овие активности, за ова јавноста е веќе информирана и овие активности ќе се интензивираат, истакна Грковска. Учесниците на маршот апелираа ова да не биде само еден месец, туку во текот на целата година да се придружиме на ваквите активности и да дадеме поддршка на жените коишто се соочуваат со ова тешко заболување. вдј/мд/

Остани поврзан