• петок, 27 декември 2024

„Жендиба“ нова театарска претстава на штипскиот Народен театар

„Жендиба“ нова театарска претстава на штипскиот Народен театар

Штип, 30 ноември 2023 (МИА) - „Женидба“ од Николај Васиљевич Гогољ, во режија на Љупчо Ѓоргиевски е новата театарска премиера на ансамблот на Народниот театар Штип (НТШ). На денешната прес-конференција режисерот Ѓоргиевски истакна дека „Жендиба“ која има поднаслов „Сосема неворојатна случка во два чина“ е напишана 1835 година, во неа ликовите првенствено се прикажуваат како општествени типови, па оттаму оваа комедија пред се е општествена сатира.

-На жендибата се гледа како можност за промена на ошпштествениот статус. Бракот не е резултат на љубов, туку договор, службена работа. Тоа е статусен симбол, општествена обврска со која се исполнуваат тужите очекувања. Гогољ ситуациите и постапките на ликовите ги доведува во апсурд. „Жендиба“ е комедија во која преку машко-женски односи, на особено духовите начин се исмева малограѓанштината, вели Ѓоргиевски.

Тој посочи дека ова е седма претстава која ја работи со ансамблот на Народниот театар Штип и секогаш е задоволен од процесот, што го има со штипските актери.

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип, Горан Трајков истакна дека пред точно сто години во Штип се играла „Жендиба“ од Гогољ. Театарските активности почнале во 1920 година, а во 1923 година во Штип било формирано театарско друштво чиј основач бил гимназискиот професор Душан Будимировиќ. Трајков вели дека изведбата на „Жендиба“ се поклопува со одбележувањето сто години театарски живот во Штип.

Актерите, Пеце Ристевски, Марија Минчева Андонова, Милодраг Ангелов, Анѓелка нашкова, Ефтим Трајчев Ѓаурски, Миле Вратеовски, Даријан Петров, Валентина Ѓоргиевска, Роне Георгиев и Стефанија Митовска ги играат улогите во претставата „Женидба“ од Гогољ, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Премиерата на претставата е утревечер во 20 часот на сцената на НТШ. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан