• недела, 28 јули 2024

Жабер втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон

Жабер втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон

Лондон, 13 јули 2023 (МИА) - Шестиот светски рекет Онс Жабер попладнево ја победи втората на ВТА ранг-листата Арина Сабаленка со 2:1, по сетови 6:7(5), 6:4 и 6:3.

 

Тунижанката втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон. Во 2022 година, таа загуби од Елена Рибакина.

 

Севкупно, ова ќе и биде трето финале на Грен слем - на УС Опен минатата година, таа загуби од Ига Швјонтек.

 

Жабер, која победи две топ 10 тенисери и четири Грен слем шампионки во низа на Вимблдон, за трофејот ќе се бори со Маркета Вондрушова. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан