• недела, 06 октомври 2024

ЕУ: Израел да се откаже од дејствија со кои се влошуваат условите за живот на цивилите во Газа 

ЕУ: Израел да се откаже од дејствија со кои се влошуваат условите за живот на цивилите во Газа 

Брисел, 6 август 2024 (МИА) - Европската Унија изрази сериозна загриженост поради континуираното уништување на клучната цивилна инфраструктура во Појасот Газа, меѓу кои и на станицата за третман на води во Рафах, и се придружи на меѓународните повици за расчистување на овој инцидент. 

- Ја повикуваме израелската Влада да се откаже од дејствија кои ги влошуваат условите за живот на цивилното население во Газа и да ги почитува своите обврски според меѓународното право. Веднаш е потребен итен прекин на огнот за да се стави крај на страдањето на цивилите во Газа, како и на израелските заложници, се наведува во изјавата што во името на Унијата ја упати високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, 

Според него, се „полошата хуманитарна катастрофа“ во Газа дополнително ги влошува условите за живот на цивилното население, кое и натаму се соочува со глад и веќе десет месеци е изложено на постојано преселување во пренатрупани шаторски кампови.  

- Ние сме длабоко загрижени поради колапсот на санитарните системи, на управувањето со цврст отпад и на здравствените системи, што предизвикуваат ширење на болести, вклучително и на полио и кожни и респираторни инфекции, особено кај децата, се наведува во изјавата. 

ЕУ потсетува и дека нападите врз критичната инфраструктура претставуваат воено злосторство и ги повикува сите страни да ги преземат сите можни мерки за да се избегнат жртви меѓу цивилите и хуманитарните работници и штети на критичната цивилна инфраструктура.  

- Ја повторуваме итноста за целосна, брза, безбедна и непречена дистрибуција на хуманитарна помош за Палестинците во потребниот обем, посочува Борел. 

Во изјавата се нагласува и важноста од почитување и спроведување на правно обврзувачките одлуки на Меѓународниот суд на правдата и се потенцира дека прекршувањата на меѓународното хуманитарно право треба да бидат темелно и независно истражени и нивните сторители да се повикаат на одговорност. сп/ 

Фото: МИА Архива 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан