• четврток, 26 декември 2024

ЕУ ги одобри нашите дигитални сертификати за КОВИД-19

ЕУ ги одобри нашите дигитални сертификати за КОВИД-19
Скопје, 19 август 2021 (МИА) - Европската комисија денеска го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ, информира Министерството за здравство. Северна Македонија, посочуваат, е прва земја во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. - Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ, соопшти Министерството. Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за Ковид-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за Ковид-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за Ковид-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, појаснуваат, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација. - Одлуката на Европската комисија е признание за Република Северна Македонија за преземените активни чекори од наша страна со правилата на ЕУ во оваа насока и потврда за автентичноста и валидноста на чекорите кои се преземаат со цел заштита на здравјето на нашите граѓани, стои во соопштението. мс/са/

Остани поврзан