• вторник, 12 ноември 2024

Еурофарм Пелистер чека „вајлд карта“ за место во Лигата на шампионите

Еурофарм Пелистер чека „вајлд карта“ за место во Лигата на шампионите

Битола, 13 јуни 2024 (МИА) - Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер чека вајлд-карт за настап во Лигата на шампионите, потврдија денеска од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На 19. јуни раководството на ЕХФ ќе има состанок на кој ќе се разгледуваат барањата и конечната одлука ќе биде соопштена на 21. јуни. 

Екипи кои ќе се борат за вајлд-карта за место во ЛШ се и Загреб, Фредериција, Бидасоа, Нант, Пик Сегед, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Татран Прешов. дс

Фото: Архива

Остани поврзан