• вторник, 12 ноември 2024

ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот Беласица во најкраток можен рок

ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот Беласица во најкраток можен рок

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, информираат од компанијата.

Од ЕСМ потенцираат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа. ир/аа/

Фото: ЕСМ

Остани поврзан