• понеделник, 29 јули 2024

Емери може да го предводи Виљареал

Емери може да го предводи Виљареал
Мадрид, 19 јули 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, може да биде назначен за тренер на Виљареал, пренесува „Ел Периодико Медитеранео“. Според шпанскиот медиум, клубот веќе имал разговори со 48-годишниот фудбалски стручњак кои започнале уште пред прекинот поради пандемијата на коронавирус. Договорот на сегашниот тренер на Виљареал, Хавиер Каљехо трае до летото 2021 година. Емери ги предводеше и Валенсија, Спартак, Севиља и Псж. По 37 натпревари во шпанската Ла Лига, Виљареал е на 5. место на табелата без шанси за влез во Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан