• среда, 18 декември 2024

Французинот Маршан исплива до златото на 400 метри мешано рушејќи го олимпискиот рекорд

Французинот Маршан исплива до златото на 400 метри мешано рушејќи го олимпискиот рекорд

Париз, 28 јули 2024 (МИА) - Францускиот пливач Леон Маршан стана олимписки шампион на 400 метри мешано на Игрите во Париз.

Дваесет и двегодишниот спортист патеката ја преплива со време 4 минути 2,95 секунди. Тој го собори олимпискиот рекорд на познатиот американски пливач Мајкл Фелпс (4:03.84).

Јапонецот Томојуки Мацушита го освои среброто, додека Американецот Карсон Фостер го освои бронзениот медал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан