• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Расел дисквалификуван по првото место на Белгиското ГП Хамилтон нов победник на трката

Расел дисквалификуван по првото место на Белгиското ГП Хамилтон нов победник на трката

Спа, 28 јули 2024 (МИА) - Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел е дисквалификуван по трката за ГН на Белгија, соопшти прес-службата на Формула 1.

Дваесет и шестгодишниот пилот победи на денешната трка за ГН на Белгија. По трката, неговиот болид помина низ традиционалната процедура на мерење - тежината на болидот беше 796,5 кг, што е за 1,5 кг помалку од минималната граница.

Како резултат на тоа, Расел ја загуби победата и беше дисквалификуван. Нов победник на трката беше Луис Хамилтон, кој заврши како втор. На второто место се искачи Оскар Пјастри (Мекларен). На третото место се најде Шарл Леклер (Ферари). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан