• недела, 01 септември 2024

Ембид: Лаури не добива почит каква што заслужува

Ембид: Лаури не добива почит каква што заслужува
Орландо, 10 септември 2020 (МИА) - Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, реагираше на настапот на играчот на Торонто репторс, Кајл Лаури, во натпреварот број 6 од второто коло во плејофот против Бостон (125:122 по две продолженија). Лаури за 53 минути постигна 33 поени, осум скока и шест асистенции. Според Ембид, плејмејкерот е потценет играч.
  • Лаури не ја добива заслужената почит. Тој е победник, напиша Ембид на Твитер.
Поранешниот играч на Рапторс, Демар ДеРозан исто така беше импресиониран од изведбата на Лаури. зс/

Остани поврзан