• вторник, 12 ноември 2024

ЕК им предлага на членките на Унијата да им дозволат на украинските бегалци да разменуваат гривни

ЕК им предлага на членките на Унијата да им дозволат на украинските бегалци да разменуваат гривни
Брисел, 1 април 2022 (МИА) - Европската комисија денеска предложи земјите на ЕУ да им дозволат на милиони бегалци од Украина да менуваат банкноти од гривни во валутите на земјите во кои се наоѓаат. Целта на предлогот е да се промовира координиран пристап во рамките на ЕУ, соопшти Европската комисија. Според Комисијата, кредитните институции во земјите-членки на ЕУ не сакаа да разменуваат банкноти на гривни поради ограничената конвертибилност и ризикот од флуктуации на девизниот курс. Комисијата предложи ограничување на замената на 10.000 гривни (306 евра) по лице, без провизија, по официјалниот курс на Народната банка на Украина. паг/

Остани поврзан