• вторник, 19 ноември 2024

Европскиот интегративен процес и почнувањето на пристапните преговори, теми на средбата Османи-Рутен

Европскиот интегративен процес и почнувањето на пристапните преговори, теми на средбата Османи-Рутен
Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) - Актуелните случувања во контекст на европскиот интегративен процес на Северна Македонија, перспективите за отпочнување на пристапните преговори и последните внатрешно-политичките случувања беа главните теми на средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи и европратеникот Тијс Рутен од Групата на социјалисти, Холандија, кој престојува во работна посета на земјава.

Османи, како што соопшти МНР, посочи дека Европскиот парламент во континуитет дава принципиелна поддршка во однос на европската перспектива на Северна Македонија, при што изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Соговорниците, покрај актуелните политички случувања во нашата земја, како што се наведува, разговараа и за билатералната комуникација со Бугарија во напорите за надминување на блокадата на преговарачката рамка, за регионалната динамика и за добрососедските односи.

-Европратеникот Тијс Рутен ја реафирмираше поддршката и позитивно ги оцени реформските резултати на Владата, што е констатирано во последниот Извештај на Европската комисија, како и активниот придонес на земјата во унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи, се вели во соопштението од МНР. мд/са/

Остани поврзан