• вторник, 24 декември 2024

Стерјовски во Барселона на средба со министерот за јазична политика во Владата на Каталонија 

Стерјовски во Барселона на средба со министерот за јазична политика во Владата на Каталонија 

Дебар, 18 ноември 2024 (МИА) - Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција - МАЕИ Васил Стерјовски во Барселона се сретнал со Франсеск Ксавиер Вила и Морено, министер за јазична политика во Владата на Каталонија. 

Според Стерјовски, на средбата размениле искуства и мислења за јазичните права на малцинствата во Европа – тема од „клучно значење за зачувување на културната и јазичната разновидност на нашиот континент“.

-Министерот Морено го запознав со положбата и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија, притоа нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во заштита и промоција на јазичните права, објави Стерјовски на Фејсбук.

Додава дека ваквите средби не се само платформа за размена на идеи, туку и можност за градење мостови меѓу заедниците и заедничко залагање за еднаквост и почитување на човековите права. вт/мд/


Фото: Стерјовски ФБ

Остани поврзан