• сабота, 27 јули 2024

Европратениците ја критикуваа посетата на Орбан на Русија

Европратениците ја критикуваа посетата на Орбан на Русија

Брисел, 17 јули 2024 (МИА) - Пратениците на ЕУ ја осудија неодамнешната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Русија, нагласувајќи дека тој не ја претставувал Европската унија на патувањето.

Посетата беше „еклатантно кршење на договорите на ЕУ и заедничката надворешна политика“, велат пратениците во резолуцијата усвоена за време на првата седница на парламентот по изборите во јуни во францускиот град Стразбур.

-Орбан „не ја претставуваше ЕУ“, истакнаа тие во необврзувачката резолуција.

Орбан го предизвика гневот на колегите европски лидери кога, само неколку дена откако Унгарија го презеде кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ, тој ја посети Русија на 5 јули за средба со претседателот Владимир Путин.

-Нападот врз детската болница во Украина истата недела, за кој е обвинета Русија, ја покажа „неважноста“ на наводните мировни напори на Орбан, додаваат европратениците.

Орбан инсистираше на тоа дека бил во како што нагласи - „мировна мисија“ која бара крај на војната во Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан