• петок, 27 декември 2024

Еврокомисијата предложи мерки за намалување на загадувањето со микропластика  

Еврокомисијата предложи мерки за намалување на загадувањето со микропластика  

Брисел, 16 октомври 2023 (МИА) – Европската комисија денеска првпат предложи пакет мерки за спречување на загадувањето со микропластка предизвикано со ненамерно ослободување од пластични суровини, јави дописникот на МИА. 

Според податоците на ЕУ, годишно поради погрешно ракување низ целиот синџир на снабдување, во животната средина се ослободуваат меѓу 52 и 184 илјади тони пластични суровини. 

Целта на предлогот на ЕК е да се обезбеди сите компании што ракуваат со пластични суроцини во ЕУ да преземат неопходни мерки на претпазливост за ограничување на загадувањето со микропластика. 

Со предвидените мерки се очекува намалување на загадувањето со микропластика до 74 отсто, со што ќе се добијат почисти екосистеми, реки и океани без пластика и ќе се намалат потенцијалните ризици по здравјето на луѓето.  

- Предлогот пред се ги опфаќа најдобрите практики за компаниите во однос на ракување со суровините, задолжителна сертификација и самодекларирање, како и воспоставување заедничка методологија за проценка на загубите, се додава во соопштението на ЕК.  

За малите и средни бизниси ќе важат помалку ригорозни мерки со цел за да им се овозможи полесно усогласување на правилата.  

Предлог мерките ќе бидат проследени на одобрување до Европскиот парламент и Советот на ЕУ, согласно законодавната процедура на ЕУ. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан