• недела, 17 ноември 2024

Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто

Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто во трговијата на големо и мало, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,...

-Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници, истакна министерот.

Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите, но и да се стабилизираат на подолг рок. мч/лв/

 

Остани поврзан