• сабота, 23 ноември 2024

Документарецот за Бети Вајт доби нов наслов

Документарецот за Бети Вајт доби нов наслов
Лос Анџелес, 4 јануари 2022 (МИА) - Во 900 кина ширум САД од 17 јануари ќе се прикажува документарниот филм за 100-годишнината од раѓањето на глумицата Бети Вајт. Но, откако веќе легендарната актерка почина на новогодишната ноќ, продуцентите го сменија насловот на ова остварување. На 17 јануари таа ќе наполнеше точно сто години. Така, „Бети Вајт: 100 години млада - роденденска прославаа“ (Betty White: 100 Years Young - A Birthday Celebration) го доби називот -  „Бети Вајт: Прослава“ (Betty White: A Celebration). „Ние сме тажни поради нејзиното заминување“, соопшти продукциската двојка Стив Бошер и Мајк Тринклин. - „Во многуте години во коишто работевме со неа, развивме восхит и голема љубов кон Бети. Таа беше исклучителна личност и успешна забавувачка... Ќе продолжиме со плановите да го прикажеме филмот со надеж дека тоа ќе им овозможи на сите што ја сакаат - да го прослават нејзиниот живот, нагласувајќи дека она што таа го направи е национално богатство“, додаваат продуцентите. https://www.youtube.com/watch?v=b9LzoWnuU4w Во меѓувреме, на интернет почнаа да се шират информации дека глумицата починала откако примила трета доза од вакцината против Ковид-19. Нејзиниот менаџер Џеф Витјас го негираше тоа. - Бети умре мирно во сон во нејзиниот дом. Некои тврдат дека нејзината смрт била поврзана со засилена доза, но тоа не е точно. Таа почина од природна смрт. Нејзината смрт не треба да се политизира бидејќи тоа не е животот што го живеела, изјави тој за „Пипл“. Во документарецот ќе биде прикажан и дел од последното интервју со Бети.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан