• сабота, 23 ноември 2024

Де Бруин не преговарал со Сити

Де Бруин не преговарал со Сити
Манчестер, 11 октомври 2020 (МИА) - Белгиецот Кевин Де Бруин е подготвен да преговара со Манчестер Сити за продолжување на неговиот договор, но рече дека ваквите преговори треба да се водат во вистинско време и на вистинското место. Плејмејкерот, кој освои две титули со Сити во Премиер лигата и ФА Купот, продолжува да биде предмет на постојани пофалби откако пристигна од Волфсбург во 2015 година. Британските медиуми тврдат дека Де Бруин, кој има уште две и пол години од сегашниот договор, е многу близу до петгодишно ново продолжување на договорот. - Јас сум многу, многу среќен во тимот. Можам да кажам дека во моментов нема разговори меѓу мене и управата на Сити. Па не можам да објаснам зошто луѓето велат дека сме постигнале некаков договор. Се чувствувам добро во клубот, сите тука ме почитуваат, но ние не сме потпишале ништо, не сме се договориле за ништо, објаснува Белгиецот.

Тагови

Остани поврзан