• сабота, 23 ноември 2024

Дваесет компании од утре имаат можност да тргуваат на берзата на електрична енергија

Дваесет компании од утре имаат можност да тргуваат на берзата на електрична енергија

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Дваесет и две компании досега имаат склучено договори за учество на  берзата на електрична енергија во државава што почнува да функционира од утре, а со која ќе раководи Националниот оператор на пазар на електрична енергија -МЕМО ДООЕЛ-Скопје. 

Како што изјавија за МИА од МЕМО, од 22-те компании што склучиле договори, 20 ќе имаат можност да тргуваат со електрична енергија на берзата почнувајќи од утре. Тоа се компаниите:  СЕНТРАДЕ, ДУФЕРЦО МК, AOT МАКЕДОНИЈА, ЕЛНОР, ЕСМ ПРОДАЖБА, ГЕН-И, ТЕ-ТО АД Скопје, ИНТЕРЕНЕРГО, РЕС, МАКСТИЛ, ЕФТ, АД МЕПСО, ЕНЕРЏИ АКТИВЕ, ЕВН снабдување, ЕВН електрани, ОКТА, УНИВЕРСАЛ ЕНЕРЏИ, ЕДС, ЕТМТ ЕНЕРЏИ и АД ЕСМ. 

На берзата ќе можат да тргуваат сите учесници на пазарот на големо на електрична енергија, кои се регистрирани во регистарот на учесници на пазарот на електрична енергија, кој го води МЕМО ДООЕЛ-Скопје како оператор на пазарот.

Операторот за утре најави настан по повод почеток со работа на македонскиот организиран пазар на електрична енергија, пазар  ден-однапред, што, како што нагласуваат, е исклучително важно постигнување за државава со кое се воспоставува модерен пазар на електрична енергија и се подобрува инвестициската клима за обновливи извори на енергија.

На промоцијата утре ќе биде презентирано како со пазарот ден-однапред се обезбедува конкуренција за постигнување оптимални цени на електричната енергија, подобрување на користењето на енергетската мрежа и обезбедување дополнителни можности за инвестиции во областа на обновливи извори на енергија. лв/ац/

фото МЕМО

Фото: ЕДС

Остани поврзан