• среда, 25 декември 2024

Тошковски на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност - Скопје

Тошковски на промоција на  дипломирани студенти на Факултетот за безбедност - Скопје

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствувал на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност - Скопје на кои им честитал што одлучиле нивната  животна професија и знаења да бидат поврзани со безбедноста.

Како што информира МВР, тој ги повикал студентите стекнатите знаења да ги применат во институциите кои се грижат за безбедноста на државата.

-Вие сте им потребни на македонските институции и на Македонија и би сакал да повикам секој еден од вас, којшто има желба да продолжи да функционира и да и го стави на располагање своето знаење на татковината во институциите кои се поврзани и имаат потреба од кадри со ваков вид образование. Ќе има многу огласи во иднина во рамки на МВР и другите институции поврзани со безбедноста и ве повикувам да учествувате на сите овие огласи со цел да може да го искористиме вашето знаење и капацитети во институциите за да создаваме нормална држава со функционални институции. Заедно да се развиваме, да ја развиваме државата во европска, со европски вредности какви што сите посакуваме, им порачал Тошковски на студентите. 

Претходно министерот испил традиционално „академско кафе“ што се одржува секоја година со студентите и професорите на Факултетот за безбедност. Притоа тој одговарал на прашања за кои се интересирале студентите и професорите, од областа на безбедноста, борбата со криминалот и корупцијата, реформите на МВР и безбедносниот систем. хс/ев/ 

Фото: Министерство за внатрешни работи 

Остани поврзан