• недела, 06 октомври 2024

„Голачки фолклорни средби“ вечер на летната сцена во Делчево

„Голачки фолклорни средби“ вечер на летната сцена во Делчево

Делчево, 8 август 2024 (МИА) - Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево и Општина Делчево вечер ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Голачки фолклорни средби 2024 година“.

На летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ, како што информираа од установата, ќе учествуваат 12 културно-уметнички групи и ансамбли, оркестри, пејачки групи и инструменталисти од земјата и странство.

-Поради забраната за движење во шума и потенцијалната опасност од пожари, фестивалот и годинава ќе се одржи на летната сцена во Делчево, и тоа со одлука на сите релевантни фактори кои се дел од организацијата на овој фестивал, информираа од Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“.

Организатори на „Голачките фолклорни средби“ се Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево со финансиска помош од Министерство за култура, под покровителство на Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево. вс/мд/

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан