Германското федерално обвинителство ја презеде истрагата за нападот во Солинген, постои сомнеж за тероризам
- Германското федерално обвинителство ја презеде истрагата за нападот со нож во градот Солинген, во кој во петокот загинаа три лица, а осум беа повредени, наведувајќи дека постои сомнеж за тероризам.
Берлин, 25 август 2024 (МИА) - Германското федерално обвинителство ја презеде истрагата за нападот со нож во градот Солинген, во кој во петокот загинаа три лица, а осум беа повредени, наведувајќи дека постои сомнеж за тероризам.
Портпаролот на федералното обвинителство изјави дека ја преземаат истрагата бидејќи можно е да се работи за тероризам.
Германската полиција утрово соопшти дека уапсила маж осомничен за напад во градот Солинген, дека е Сириец и дека го признал делото. рп/
Фото: МИА архива