• сабота, 23 ноември 2024

Германските, полските и чешките земјоделци протестираат против земјоделската политика на ЕУ

Германските, полските и чешките земјоделци протестираат против земјоделската политика на ЕУ

Лајпциг, 9 март 2024 (МИА) - Земјоделците од Германија, Полска и Чешка демонстрираа денеска во нивните земји против земјоделската политика на ЕУ и увозот на евтини производи од Украина.

Околу 400 земјоделци со 150 трактори учествуваа во заедничката акција во полското село Богатинија на заедничкиот граничен премин, пренесе ДПА.

Земјоделците со своите возила блокираа долг пат со два кружни текови за да создадат метеж. Во заедничко писмо до германската влада и до Комисијата на ЕУ тие побараа ревизија на заедничката земјоделска политика во Европската унија.

Земјоделците, исто така, го критикуваа Зелениот договор на ЕУ, кој има за цел да ја направи Европа климатски неутрален континент до 2050 година и ја истакнаа потребата од повеќе самоопределување на нивните фарми.

Тие побараа увозот како што е украинското жито да не се дозволи неконтролирано да влегува во ЕУ, велејќи дека овој увоз ќе ги уништи пазарите во сите три земји. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан