• сабота, 28 декември 2024

Германија: Буџетот за 2025 година планира да ја намали билатералната воена помош за Украина

Германија: Буџетот за 2025 година планира да ја намали билатералната воена помош за Украина

Берлин, 17 август 2024 (МИА) - Германија планира во нацрт-буџетот за 2025 година да ја преполови својата билатерална воена помош за Украина и да се потпре на приходите од замрзнатите руски средства за да продолжи да го поддржува Киев.

-Владата на Олаф Шолц, која се обидува да заштеди пари, не планира „никаква дополнителна помош“ од четири милијарди евра буџетирани за следната година за воена помош за Украина, изјави извор од германскиот парламент.

Годинава помошта на Берлин, вториот придонесувач по САД, изнесува осум милијарди евра. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан