Генералниот директор на МААЕ, Гроси посети две нуклеарни објекти во Иран
- Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој вчера пристигна во посета на Иран, денеска посети две нуклеарни локации во Исламската Република, пренесе Ројтерс.
Техеран, 15 ноември 2024 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој вчера пристигна во посета на Иран, денеска посети две нуклеарни локации во Исламската Република, пренесе Ројтерс.
Гроси е во посета на Иран во момент кога се очекува Европа да изврши дипломатски притисок врз нуклеарните активности на Техеран пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера му рече на Гроси дека Техеран сака да ги реши споровите околу иранската нуклеарна програма, но нагласи дека нема да потклекне пред притисокот.
Гроси ја посети фабриката за збогатување ураниум во Натанз, како и подземниот објект Фордо, која е закопан во планина и се наоѓа на околу 100 километри јужно од Техеран, објавија денеска иранските државни медиуми, без да наведат дополнителни детали.
Односите меѓу Иран и МААЕ се заострија поради неколку проблеми, кои постојат одамна, вклучувајќи го и одбивањето на Техеран да дозволи присуство на своја територија на експерти на МААЕ. рп/
Фото: МИА архива