• сабота, 28 декември 2024

Вулин: Се води хибридна војна против Србија, нападите се координирани од еден центар

Вулин: Се води хибридна војна против Србија, нападите се координирани од еден центар

Белград, 27 декември 2027 (МИА) - Во моментов се води хибридна војна против Србија и претседателот Александар Вучиќ, тврди српскиот вицепремиер Александар Вулин во изјава за белградски медиуми.

Тој за телевизија Пинк изјави дека нападите врз Србија од Сараево и Загреб се координирани, дека притисокот расте, и според него - се е координирано од еден центар.

„Јавните личности од целиот регион ги поддржуваат оние кои се против Вучиќ. Можно ли е да нема ниту еден фудбалер, кошаркар, актер што на пример го поддржува Вучиќ? Не, одеднаш во истиот момент сите северини и сите спортисти се против Вучиќ. Тоа не е случајно. Тоа се прави од еден центар“, рече Вулин.

Според него, студентите се подложни на манипулации и повеќето од нив имаат искрена желба за промени, но предводниците на блокадите се платеници. зш/

Остани поврзан