Вреди: ДУИ го користи Охридскиот рамковен договор како штит за своите поранешни корумпирани функционери
- Коалицијата Вреди најавите на ДУИ дека ќе го одбележи 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, како нивен партиски „празник“, ги оценува како чист паралелизам и обид за поделба на Албанците.
Скопје, 10 август 2024 (МИА) - Коалицијата Вреди најавите на ДУИ дека ќе го одбележи 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, како нивен партиски „празник“, ги оценува како чист паралелизам и обид за поделба на Албанците.
-Датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда, нагласуваат од Коалицијата.
Во соопштението коалицијата посочува дека ако ДУИ продолжи да манифестира недостаток на внатрешен капацитет за програмски и кадровски реформи може слободно да се преименува во НУД „Недемократска унија за дезинтеграција“.
-Оваа партија заради 22 годишното владеење не може да прифати дека мнозинството Албанци ја испратија во опозиција. Затоа тврдоглаво и надвор од секоја логика се дрзнува да го приватизира и Охридскиот рамковен договор. Најавите дека партијата на Ахмети ќе го одбележи 13 август како нивен партиски „празник“, коалицијата ВЛЕН ги оценува како чист паралелизам и обид за поделба на Албанците, бидејќи датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда, се наведува во соопштението од Коалицијата.
Од коалицијата Вреди информираат дека веднаш откако официјално беа испратени поканите за одбележување на овој историски датум, ДУИ и Али Ахмети решиле, како што стои, да го девалвираат државниот и институционалениот празник со приватен настан.
- ДУИ го користи Охридскиот рамковен договор како штит за своите поранешни корумпирани функционери. Овие подмолни намери на ДУИ се прочитани од граѓаните. Секогаш кога тие велат „Охридскиот договор“ и се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, тоа значи дефокусирање од темите за корупциски скандали и одговорноста за време на нивниот 22-годишен режим. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Охридскиот рамковен договор. Коалицијата ВЛЕН апелира до ДУИ да не го осквернавува 13 август, датум кој донесе мир. Срамно и понижувачки за загинатите и живи борци на УЧК и за потписниците Арбен Џафери и Имер Имери, Охридскиот договор да се приватизира со криминални зделки како Соравија. ВЛЕН нема да дозволи Албанците да бидат заложници за спасување на криминалните структури на ДУИ, се наведува во соопштението од коалицијата Вреди. ев/