Во Чашка до 18.30 часот излезеноста на изборите 52,48 проценти, во Градско 56,51 проценти
- Во Општина Чашка на 31 избирачко место од 6,076 гласачи, до 18:30 часот гласале 3,188 гласачи или 52,48 проценти, информира за МИА Марјан Јовановски од ОИК Чашка.
Велес, 24 април (МИА) - Во Општина Чашка на 31 избирачко место од 6,076 гласачи, до 18:30 часот гласале 3,188 гласачи или 52,48 проценти, информира за МИА Марјан Јовановски од ОИК Чашка.
Во Општина Градско на 11 избирачки места со 3,019 гласачи до 18:30 часот гласале 1,706 избирачи или 56,51 проценти.
На двете избирачки места привршува гласањето и вратите на сите избирачки места се затвораат во 19:00 часот.ад/бт/
Фото: МИА Архива