• недела, 28 јули 2024

Во спомен на починатата лидерка на ПАСОК, грчката Влада почнува програма за превенција од рак на дојка

Во спомен на починатата лидерка на ПАСОК, грчката Влада почнува програма за превенција од рак на дојка
Атина, 9 јуни 2022 (МИА) – Грчката Влада денеска ја промовираше програмата „Фофи Генимата“ за превенција и предсимптоматски прегледи за рак на дојка за жени од 50 до 69 години, програма што го носи името на починатата претседателка на ПАСОК-Движење на промена, која пред седум месеци ја згуби биката со ракот, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за прорама што се однесува на 1,3 милиони жени од конкретната стросна група, предвидува бесплатна превентивна мамографија и клинички преглед и ултразвук во случај на откривање на рак. Жените на возраст од 50 до 69 години ќе добијат смс порака со информации и термин за преглед, а испраќањето пораки ќе започне уште утре. На презентацијата на програмата се обрати и сопругот на Генимата, Андреас Цунис кој рече дека прашањето со превенцијата, особено со превенцијата на рак на дојка, „беше прашање кое Фофи Генимата се обидуваше да го истакне преку сите позиции што ги имаше и во политиката и во животот“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објасни дека програмата ќе биде финансирана со средства од Фондот за закрепнување и започнува „првата масовна програма во земјата за предсимптоматски преглед“. Неколку дена по смртта на Генимата, кон крајот на октомври минатата година, Мицотакис ја најави програмата, истакнувајќи дека „државата со специјална програма за превенција од рак, што ќе го носи нејзиното име, го чествува споменот на Фофи Генимата, онака како што и таа ќе сакаше“. ср/

Остани поврзан