Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
- Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања.
![Во Собранието седница за поставување пратенички прашања](https://new.mia.mk/index.php/images/20231025151348_big_730x400_51.webp )
Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања.
Вообичаено секој последен четврток во месецот во Собранието се одржува седница за поставување пратенички прашања. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Пред седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи брифинг со акредитираните новинари. ев/хс/
Фото: МИА архива