• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Појасот Газа за 24 часа убиени 23 луѓе

Во Појасот Газа за 24 часа убиени 23 луѓе

Газа, 18 јануари 2025 (МИА) - Најмалку 23 лица се убиени во појасот Газа во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на палестинската територија под контрола на Хамас.

Бројот на загинати од почетокот на израелската војна против Хамас е 46.899, соопшти Министерството, еден ден пред да стапи во сила договорот за прекин на огнот.

Најмалку 110.725 луѓе се ранети во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан