• недела, 24 ноември 2024

Во Охрид координативна средба за поголема безбедност за престојните празници

Во Охрид координативна средба за поголема безбедност за престојните празници

Охрид, 15 декември 2023 (МИА) – На иницијатива на СВР- Охрид, денеска во Општина Охрид се одржа работен координативен состанок со службите на локалната самоуправа, пазарниот општински инспекторат, трудова инспекција, инспекторат за туризам, јавните претпријатија како и претставници на хотелско-угостителските објекти, со цел поцелосно дефинирање на мерките и координирање на активностите со цел подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници.

На работната средба претставниците на СВР - Охрид и на службите што вршат дејности од јавен интерес, договорени се интензивни засилени мерки со цел Новогодишните и Божиќните празници во Охрид да поминат беспрекорно и без проблеми на безбедносен план. Договорена е тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност на заедничките тимови за поефикасно делување на целото подрачје.

Слична координативна средба СВР - Охрид ќе оствари и со агенциите за обезбедување кои, согласно легислативатае имаат надлежности при физичкото обезбедување на објектите во градот, со цел одговорна и доследна примена на нивните овластувања. Од агенциите ќе се бараат ажурирани безбедносни оперативни планови и прецизни прегледи на угостителските објекти со кои имаат склучено договори за обезбедување во текот на претстојните Новогодишни и Божиќни празници, како и информации за одредени безбедносни согледувања и проблеми на терен кои можат да влијаат врз степенот на безбедноста на подрачјето. аб/нд/

Фото: СВР - Охрид

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан