• четврток, 26 декември 2024

Локализиран пожарот во струшко Велешта, сообраќајот нормализиран

Локализиран пожарот во струшко Велешта, сообраќајот нормализиран

Струга, 1 септември 2024 (МИА) - Локализиран е пожарот што денеска на пладне избувна на автоплац во струшкото село Велешта, информира за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица Струга, Фети Мазари.

Според него, брзата реакција на пожарникарите спречила ширење на огнот кон околните куќи, причинета била материјална штета, а опожарени се неколку возила. На терен интервенирале со четири противпожарни возила од Стуршката пожарна и едно возило од Охридската.

Поради пожарот и густиот чад кој излегуваше од гумите што горат, сообраќајот на регионалниот пат Струга - Дебар, беше регулиран со наизменично пропуштање возила.

Информацијата, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, била пријавена околу 14 часот во Полициската станица во Струга.

- Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга - Дебар, кај струшкото село Велешта, каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот, изјави Димоски.

Струшките пожарникари интервенираат и на пожар во близина на црквата „Света Богородица“ во селото Ложани, каде гори сува трева и грмушки. сс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан