• сабота, 27 јули 2024

Во Неготино поделени 560 новогодишни пакетчиња за дечињата од градинката ,,Фемо Кулаков“

Во Неготино поделени 560 новогодишни пакетчиња за дечињата од градинката ,,Фемо Кулаков“

Неготино, 25 декември 2023 (МИА) - Вкупно 560 новогодишни пакетчиња се поделени на дечињата од градинката „Фемо Кулаков", обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

- Во пресрет на новогодишните и божикните празници, денеска имав пријатна можност да присуствувам во просториите на детската градинка ,, Фемо Кулаков " и заедно со нашите најмлади сограѓани и воспитниот тим да ја испратиме старата и да и посакаме добредојде на Новата 2024 година. Престојот го искористивме да ја погледнеме новогодишната претстава „Дедо Мраз и ирвасите" подготвена и во изведба на воспитниот тим и дел од дечињата, соопшти градоначалникот. 

Вкупно 560 дечиња престојуваат во трите клона на неготинската градинка и во други просторни услови во селата Пепелиште, Криволак и Тремник. свд/сст/

Фото : Општина Неготино 

Остани поврзан