Во Неготино микробиолошка работилница со млади научници
- Микробиолошка работилница со млади научници - истражувачи се реализираше денеска во Неготино, од страна на еколошкото здружение ,,Ековита", во соработка со градската библиотека „Страшо Пинџур“. Целта е, како што беше кажано, поттикнување на љубовта кон науката и природата.
Неготино, 6 август 2024 (МИА) - Микробиолошка работилница со млади научници - истражувачи се реализираше денеска во Неготино, од страна на еколошкото здружение ,,Ековита", во соработка со градската библиотека „Страшо Пинџур“. Целта е, како што беше кажано, поттикнување на љубовта кон науката и природата.
- Нашите млади научници научија како да подготвуваат микроскопски препарати и имаа можност да работат со професионален микроскоп. Внимателно ги истражуваа живите форми и фосилизираните алги дијатомеи, откривајќи го магичниот свет на микроскопијата. Ја поттикнавме нивната љубопитност и посветеност, појасни за МИА, дипломираниит инженер биолог Сашко Тодоров, кој ја водеше работилницата, дел од летната програма за млади истражувачи.
Тој рече дека е ова возбудливо патување низ времето и микросветот.
- Заедно ги откривме живите микроскопски зелени алги - дијатомеи и се запознавме со фосилизираните форми кои живееле пред 5 милиони години, ископани од рудник за дијатомејска земја во село Вешје, Неготино, додаде тој.
Тодоров соопшти дека продолжуваат со активности и во наредниот период. свд/мч/
Фото ,,Ековита"