• среда, 02 октомври 2024

Во Италија запленети 200 килограми кокаин, уапсени тројца албански државјани

Во Италија запленети 200 килограми кокаин, уапсени тројца албански државјани

Тирана, 1 октомври 2024 (МИА) – Италијанската полиција запленила 200 килограми кокаин, откриени во четири автомобили и уапсила тројца албански државјани.

-Во акција на италијанските власти во Вимеркате, запленети се 142 килограми кокаин и уапсени двајца млади Албанци. Во меѓувреме, во Милано уапсено е трето лице, исто така албански државјанин, на кое двајцата сонародници му доставиле 60 килограми кокаин, објавија албанските медиуми.

Наркотиците биле скриени во возила, кои се наоѓале во гаражи на станбени згради, кои биле изнајмени. вт/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан