• среда, 27 ноември 2024

Клучни датуми што доведоа до бранот денешни напади со проектили на Иран против Израел

Клучни датуми што доведоа до бранот денешни напади со проектили на Иран против Израел

Ерусалим, 1 октомври 2024 (МИА) - Тензиите растат меѓу големите ривали Израел и Иран од почетокот на војната во Газа, по нападот врз Израел што го започна Хамас на 7 октомври 2023 година.
Преглед на клучните датуми што доведоа до бранот денешни напади со проектили на Иран против Израел.

На 8 октомври 2023 година, еден ден откако милитантите од палестинската исламистичка група Хамас го нападнаа Израел, починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси рече дека Иран ја поддржува „легитимната одбрана“ на Палестинците.

Тој го обвинува Израел за „загрозување на безбедноста на нациите во регионот“.

Во центарот на Техеран се подигнати транспаренти на кои се покажува солидарност со Палестинците.

На 28 октомври, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека 90 отсто од воениот буџет на Хамас доаѓа од Иран. 

На 25 декември, Иран го обвини Израел за нападот во Сирија во кој беше убиен Рази Мусави, висок офицер во силите Кудс, огранокот за надворешни операции на иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда.

Неколку недели подоцна, во јануари 2024 година, во напад во Дамаск за кој беше обвинет Израел беа убиени пет членови на Револуционерната гарда.

Иранските медиуми подоцна објавија дека меѓу жртвите е и шефот на разузнавањето на групата за Сирија и неговиот заменик. Раиси се заканува дека ќе возврати.

На 1 април, воздушен напад за кој беше обвинет Израел против иранската дипломатска мисија во Дамаск, го уништи конзуларниот анекс на амбасадата.

Убиени се седуммина од револуционерна гарда, од кои двајца генерали.

Иран и Сирија го обвинуваат Израел, кој ниту го потврдува ниту демантира.

Тогаш израелската армија наведува дека жртвите од нападот биле „терористи“ кои се борат против Израел.

Речиси две недели подоцна, на 13 април, Иран испраќа бран проектили и беспилотни летала кон Израел.

Нападот е прв директен напад на Техеран на израелска територија од формирањето на неговата Исламска Република во 1979 година. Израел и други нации, вклучително и САД, пресретнаа повеќето проектили. Израел вети дека ќе се одмазди.

На 19 април, експлозии во централен Иран, бидејќи американските медиуми цитираат официјални лица кои велат дека Израел извршил одмазднички напади против својот главен ривал. Иран го намалува влијанието на експлозиите и не го обвинува директно Израел, кој не презема одговорност.

На 31 јули, Хамас соопшти дека нивниот политички лидер Исмаил Ханија бил убиен во напад во текот на ноќта во Иран.  Тој присуствуваше на полагањето заклетва на новиот претседател Масуд Пезешкијан. Хамас, кој заедно со Иран и Хезболах го обвинува Израел, вети дека чинот „нема да остане без одговор“.

Израел одбива да го коментира нападот, кој дојде откако го погоди упориштето на Хезболах во јужен Бејрут, при што беше убиен висок командант на либанската милитантна група, Фуад Шукр. 
На 3 август, иранската револуционерна гарда соопшти дека Израел го убил Ханија користејќи „ проектил“.

Во услови на зголемена серија бомбардирања против Хезболах, на 27 септември во израелски напад врз неговото упориште во јужен Бејрут беше убиен водачот на групата Хасан Насрала заедно со ирански генерал во Револуционерната гарда.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вети дека смртта на Насрала „нема да биде залудна“.

На 1 октомври, Иран лансираше низа проектили кон Израел, како што велат од Револуционерната гарда, одговор на убиствата на Насрала и Ханија. Нападот доаѓа ден откако Израел објави ограничени копнени операции против Хезболах во јужен Либан. Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари вели дека иранскиот напад „ќе има последици. Имаме планови и ќе дејствуваме на место и време за кое ние ќе одлучиме“. зш/
фото Х

Остани поврзан