Во Делчево промовирана книгата на афоризми ,,Под фенерот на Диоген" од Јане Атанасов
Делчево, 9 мај 2023 (МИА) - Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево вечерва се одржа промоција на книгата на афоризми - Под фенерот на Диоген од Јане Атанасов. Настанот како што информираше уметничкиот директор Методи Толевски се организира по повод одбележувањето на 9 Мај, Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа
-Во делото на Атанасов се пишува за обичниот човек, за неговите подеми падови, за неговата надеж и разочарувања за овој наш живот на овој ,,Брдовит Балкан". Атанасов со ова дело луцидно ќе констатира дека, многумина живеаат среќно затоа што нема кој да им каже дека се несреќни, истакна Толевски.
За самиот автор беше чест да се претстават неговите погледи за животот низ призмата на афоризмите.
-Во соработка со вашиот сограѓанин Миле Ѓорѓијоски решивме пред вашата публика да го претставиме делото Под фенерот на Диоген со кое ги претставуваме ноите афоризми напишани и објавени на фејбук во изминатите 4 години, рече Атанасов.
Во рамки на настанот афоризми од делотоцна Атанасов читаа членови на делчевското Експериментално театарче, а Здружението на роднокрајни автори ,,Пијанечки Глас" ги додели наградите за учесниците на литературниот конкурс за нај хумористична песна кој се организираше по повод Денот на шегата, 1 Април.
Честитајки им ги наградите на учесниците, претседателката на здружението Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски како член на комисијата за наредната година најавија збогатување на содржините на овој конкурс, со учество на учесници не само од Македонија, туку и од соседните држави и пошироко. вс/