• недела, 13 октомври 2024

Во Дебар отворен албанскиот фолклорен фестивал „Ода Дибране“

Во Дебар отворен албанскиот фолклорен фестивал „Ода Дибране“

Дебар, 12 октомври 2024 (МИА) - Во присуство на претставници на локaлните власти на Дебар и пограничниот албански град Пешкопеја, во Центарот за култура во Дебар, синоќа,  беше отворено 30. Издание на традиционалниот албански фолклорен фестивал „Ода дибране“ (дебарска соба).

Манифестацијата, што традиционално се одржува во Пешкопеја, за првпат во Дебар се одржа пред девет години, од кога официјално почнува во Дебар.

Фестивалот за отворен го прогласија градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука и на Пешкопеја, Рахим Спахиу.

-Посебна чест и задоволство ми е што токму во нашиот град почнува оваа значајна манифестација, која во следните два дена продолжува во Пешкопеа. Овој културен настан од особено значење каде двата града заедно ја реализираат оваа културна активност, на која имаме можност да видиме дел од богатиот фолклор и носија од сеалбанските простори. Овој фестивал по важност и уметничка содржина е рангиран веднаш по фестивалот во Ѓирокастро, рече меѓу другото Дука.  

Градоначалникот Спахиу се заблагодари за гостопримството посакувајќи пријатни мигови со изведбата на фолклорните ансамбли од Албанија, Северна Македонија и Косово.

Пред почетокот на првата фестивалска вечер, учесниците продефилираа низ центарот на градот.

Општинското КУД „Голем Дебар“( Dibra e madhe) настапи со сплет песни и ора а изведе и повеќе староградски дебарски песни.

Настапи и Државниот ансамбли на Албанија, како и ансамбл на Арбарешите (Албанци од Италија) од Калибрија.

Оваа културна манифестација финансиски е поддржана од албанското министерство за култура, општина и округ Пешкопеја, општина Дебар, како и други донатори. вт/нд/

Фото: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан